Оздравените и вакцинираните лица ќе се третираат рамноправно со оние кои биле тестирани.
Секој што може да обезбеди соодветни докази (позитивен тест за прележан корона вирус не постар од 6 месеци или потврда за примена вакцина) , не мора да приложува негативен резултат од тестот при враќање во Германија од странство.
Исклучок: влез од области каде се забележани мутации на вирусот. Тука, Корона-тест е сè уште задолжителен.
Следното се однесува на влез од едноставна област на ризик: Луѓето кои биле тестирани, вакцинирани и оздравени не мора да бидат во карантин, доколку можат да обезбедат соодветни докази.
Секој што доаѓа од област со голема инциденца може да биде ослободен предвреме од карантин со тест пет дена по влегувањето, ако резултатот е негативен. Ова не е можно ако патниците се од области со мутации на корона вирусот.
Извор: Bundesregierung
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија