Домување Информации Работа

Резулати од анкетата “Во колкав град (или населено место) во Германија живеете?”

Напишано од Aleksandar Buzleski

Во текот на изминатите неколку дена на нашата група Македонци во Германија беше направено истражување на тема “Во колкав град (или населено место) во Германија живеете? “. Учество зедоа 1835 доброволци од цела Германија. Резултатите од истражувањето се следни:

– 799 (43,54%) живеат во градови од 10 000 до 50 000 жители,

-449 (24,47%) живеат во градови од 100 000 до 500 000 жители,

-294 (16,02%) живеат во градови над 1 000 000 жители,

-103 (5,61%) живеат во градови (и населени места) до 10 000 жители,

-97 (5,29%) живеат во градови од 50 000 до 100 000 жители и

-93 (5,07%) живеат во градови од 500 000 до 1 000 000 жители.

Заклучокот од ова истражување би бил дека најголемиот број на Македонци кои живеат и работат во Германија претпочитаат да уживаат во слободата што ја нудат помалите градови со големина од 10 000 до 50 000 жители. Предноста на градовите од овој калибар е тоа што нудат речиси сè што нудат и големите градови (во административна смисла), а трошоците за станарина во нив се воглавно пониски во споредба со големите метрополи.

Од друга страна, можеби тој феномен има своја позадина во навиките на Македонецот да живее воглавно во помали градови (што е најкомпатибилно со доста македонски градови).

Не смее да го изоставиме и процентот на Македонци кои живеат во големи градови (од 100 000 до 500 000 илјади жители) како и оние кои живеат огромните метрополи над 1 000 000 жители (како Берлин, Минхен и слично). Останува само да претпоставуваме дали кај ваквите случаи одлучувачки фактор била желбата да се живее во голема метропола, или пак самата работа налага така.

Како и да е, нашата редакција се заблагодарува на сите што редовно даваат свој допринос во ваквите тековни истражувања, кои ни ја разјаснуваат сликата за битисувањето на Македонецот на територијата на Германија.

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Сподели на

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот