Новинарот Archie Rhind-Tutt кој известува за Бундеслига за британската ESPN, на вчерашното видео интервју не ги криеше своите емоции и наклонетост кон Македонија и македонската фудбалска репрезентација.
Во разговорот чија главна тема беше “Кој е највиновен за поразот на Германија од Македонија, Joachim Löw или Timo Werner?”, Archie дури на крајот на разговорот проговори и на македонски со цел да ја долови пораката оригинално.
Имено, го кажа следното: “Македонија ја прегази Германија”, по што објасни дури и дека тоа го научил од неговата добра пријателка Павлина Манавска.
Ја користиме оваа прилика јавно да им се заблагодариме и на Archie, и на Павлина, за преубавиот краен ефект од сета оваа убава шега на сметка на германската фудбалска репрезентација.
Уживајте во видеото. Инаку делот каде Archie говори на македонски е на 9:30
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.