Актуелно Занимливости

Како Германци облекоа македонски маици? ФОТО вест

Напишано од Aleksandar Ivanov

Не е ништо ново ако се каже дека фудбалот е повеќе од спорт. Во фудбалот има СЀ, забава, дружење, политика, емоции… Но и многу интересни прикаски кои се случуваат надвор од теренот. Еден од тие убави и интересни случки ни ја раскажа челнот на нашата група Стефчо Митев.

На работа се кладел со колегата Германец ако изгуби Македонија дека он ќе облече германски дрес ако се случи обратното тогаш колегата ќе се облече македонска маица. Бидејќи се случи обратното од што планирал колегата Германец резултатот е тој што го гледате на фотографијата (пивото што после изгубена опклада исто така следува не е сликано)

Во меѓувреме иде друг колега исто така Германец и му вика на Стефчо “и јас сакам да се сликам со маицата и онака навивав за Македонија”. Желбата секако веднаш му била исполнета.

Наравоучение: Вака или така Германците уште долго ќе ја паметат Македонија.

За повеќе информации и дискусии на вакви  но и на други теми придружете ни се во групата.
Македонци во Германија

Сподели на
Симнете ја мобилната апликација

За авторот

Aleksandar Ivanov

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот