Почитувани Македонци, чест и задоволство ни е да ви ја претставиме Ивана Атанасова, како кандидат за советот на странци во градот Fulda.
Ивана Атанасова доаѓа од Радовиш, Македонија. Член e и претставник на интернационалната социјалдемократската листа (ISL).
На 14.03.2021г. ќе се одржат изборите за советот на странци. Вие со вашиот глас одлучувате за неговиот состав како и за идната соработка.
Советот на странци е веќе со години застапник и претставник на интересите на сите странци кои живеат во републиката Хесен. Да би останало и понатаму така излезете на избори. Вашиот глас ќе допринесе да советот на странци и понатаму успешно продолжи со својата работа и со застапување на интересите на сите нас.
Затоа 14. Март 2021г. е Вашиот изборен ден!
За наше заедничко добро!
* Комунална политика и за оние кои се без германски пасош!
Советот на странци:
• ги застапува интересите на сите странци во Германија
• се вклучува во одлуките на комуналната политика
• дава предлози и ги застапува нашите ставови
• активно ја подржува интеграцијата, без откажување на сопствениот идентитет
* Против дискриминација – За интеграција!
Советот на странци:
• се занимава со локалната и антидискриминалната политика
• се ангажира за толеранција и го охрабрува заедничкиот соживот
• се ангажира против десни екстремисти и против омразата кон странците
* Мост кон странците, здруженијата, општинската администрација и политика
Советот на странци:
• ги советува странците и им пружа помош
• се залага за основање на клубови и здруженија на странци
• се ангажира за школувањето и образованието на странците
• организира прослави и политички манифестации
• се ангажира за сите секојдневни проблематики коишто се соочуваат странците
• се ангажира за побрзо и полесно спојување на семејството.
Така да, има многу добри причини зошто на 14-ти Март 2021г. да излезете на избори!
За повеќе информации на вакви и слични теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.