По вчерашното телевизиско емитување на државната телевизија 3 SAT документарниот филм Медена Земја достапен и онлајн на нивната медиатека ЛИНК
Филмот ќе биде достапен онлајн до 23 март 2021.
Медена земја е документарен филм во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов. Продуцент е Атанас Ѓеорѓиев, а позади камерата стојат Фејми Даут и Самир Љума.
Се работи за документарец сниман три години во селото Бакирлија општина Лозово. Филмот го прикажува животот на Хатиџе Муратова. Таа живее осамено во напуштеното село и се грижи за својата болна мајка но и за дивите пчели кои и се и извор на егзистенција. Хатиџе живее во хармонија со природата. Природниот баланс го оддржува со тоа што половина зима за себе а другата половина им ја остава на пчелите. Сето тоа се нарушува кога во близина на нејзината трошна куќа се доселува номадска фамилија со 7 деца и стотина грла крави…
Филмот не е едноставен за гледање има доста сурови и истовремено реални сцени. Хатиџе живее во услови кои на повеќето луѓе во Македонија им се непознати. Од една страна таа плени со нејзината искрена добрина и скромност од друга страна се тешките услови за живот но и проблемите од човечка природа со кои се соочува.
Со оглед дека филмот имаше и има огромен интернационален успех гледајќи го повеќемина си го поставуваат прашањето “каква слика остава филмот за Македонија во очите на странската публика?”. Мој личен став за ова е дека се работи за филм кој отвара теми кои не се однесуваат на тоа прашање. Односно филмот многу повеќе се занимава со односнот на човекот кон природата, човекот како фактор за нарушување на природниот баланс и тн. Како и да е се работи за филм кој во никој случај нема да ве остави рамнодушни.
Медена земја досега има освоено 30 филмски и фестивалски награди. А дополнително беше номиниран за уште понатамошни 40 награди. Меѓу другите филмот има две номининации за ОСКАР и тоа во категориите “најдобар интернационален филм” и “најдобар документарен филм”.
Во Германија филмот беше премиерно емитуван на интернационалниот филм фестивал Mannheim-Heidelberg (IFFMH) одржан од 14 – 24 ноември 2019.
За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата.
Македонци во Германија