Во истражувањето направено од страна на Lowy Institute, кое беше спроведено во 98 земји, се доби приближно точна слика за справувањето на земјите во светот со пандемијата Ковид 19.
При истражувањето се водело грижа воглавно за 6 параметри, и тоа:
*потврдени позитивни случаи,
*потврдени смртни случаи,
*потврдени случаи на 1 милион жители,
*потврдени смртни случаи на 1 милион жители,
*потврдени случаи како пропорција од тестираните случаи, и
*тестови на илјада жители
Првите 10 најдобро рангирани според овие параметри се:
*Нов Зеланд,
*Виетнам,
*Тајван,
*Тајланд,
*Кипар,
*Руанда,
*Исланд,
*Австралија,
*Латвија и
*Шри Ланка
Германија е рангираната на 55-то место, веднаш после Швајцарија и Хрватска. Македонија, за жал ја нема во истражувањето. Тоа е најверојатно поради слабата транспарентност на неопходните параметри за потребите на истражувањето.
Извор: Lowy Institute
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија