Уште едно официјално потсетување:Од 8-ми ноември стапува на сила новиот правилник во врска со лицата кои се враќаат во Германија од “ризични корона региони”… Карантинот завршува најрано пет дена по пристигнувањето во Германија, ако лицето има негативен резултат од тестот што потврдува дека нема инфекција со коронавирусот. Овој тест може да се изврши најрано на петтиот ден по пристигнувањето и мора да се чува десет дена и да се приложи на надлежниот орган доколку има потреба од тоа. Ако симптомите типични за Covid-19 се појават во рок од десет дена по влегувањето, лицето мора да оди на лекарски преглед или тест центар за да изврши уште еден тест.Меѓудругото листата на “ризични корона региони” се прошири со неколку држави и области ( за нас позначајни се Бугарија, Хрватска, Австрија, Унгарија и Словенија). Во линкот е последната листа на RKI ( Robert Koch Institut) ажурирана вчера на 1.11 2020.
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата: https://www.facebook.com/groups/makedonier/