MiD: Здраво , ќе може ли најпрво кратко претставување за Виктор?
Тампес: Виктор Димовски ТАМПЕС,
роден 2006 година во Велес, МАКЕДОНИЈА
MiD: Од кога е во Германија и во кој град живеете?
Тампес: Од 2017 година и
живее во Burscheid (недалеку од Leverkusen)
MiD: Колку време се бави со спорт и на кои вештини посветува најмногу внимание, т.е кои вештини него лично му лежат најмногу?
Тампес: Со спорт се бави од 2012 година, тренираше карате шотокан ,во Македонија откога дојде во Германија почна да тренира кикбокс ,мма и уфц
MiD:На кои натпреварувања до сега има настапувано и кои се неговите најголеми успеси?
Тампес: Има учествувано досега на светски првенства 2018,2019 а требеше и 2020 ,европски првенства, интернационални турнири германски првенства, но поради корона-пандемијата беа одложени. Успесите се:
5 кратен светски шампион
2 кратен европски шампион
2 кратен интернационален шампион
5 кратен шампион во Германија…
MiD: Кој е личен тренер на Виктор, и колку интензивно се посветува на тренинзите?
Тампес: Личен тренер му е Јан Гунзел. А на тренинзите е максимално редовен и посветен.
MiD: Дали е дисциплиниран за време на тренинзите и борбите, или понекогаш знае да биде понесен од еуфоријата, со оглед на неговата возраст?
Тампес: Досега бил дисциплиниран за време на тренинзите и борбите,и кога победувал и освојувал појаси и пехари и медалји секогаш бил сталожен и дисциплиниран.
MiD: Од досегашните објави, можеше во прв план да се забележи македонското знаме веднаш до Виктор. Дали тоа значи дека во него од мала возраст е всадена љубовта за Македонија?
Тампес: Да, од мала возраст му е всадена љубовта кон МАКЕДОНИЈА.
MiD: Каков е Виктор надвор од рингот? Дали се дружи доста со своите врсници, или обврските околу спортот не му дозволуваат многу време за дружење?
Тампес: Надвор од рингот Виктор се дружи со своите врсници, се разбира кога е слободен.
MiD: Кои се плановите на Виктор во блиска иднина на полето на спортот?
Тампес: Плановите се да продолжи да вежба КИКБОХ ММА и УФЦ.
MiD: Дали доколку добие покана за настап од некој македонски клуб или репрезентација, би се одзвал на поканата?
Тампес: Да, би ја прифатил гордо поканата кога се работи за МАКЕДОНИЈА.
MiD: Може ли да ја дознаеме формулата за успех на Виктор, и што би им порачал на своите врсници кои огромен дел од времето го поминуваат со мобилните телефони, таблети и слично?
Тампес: Формулата за успех на Виктор е упорност и желбата за спортот,би им порачал на другите дека само со упорност се постигнуваат добри резултати.
MiD: Ви благодариме Виктор и тебе, а и на твојот татко за издвоеното време, и ви посакуваме уште повеќе успех и промоција на македонските потенцијали во иднина.
Тампес: Ви благодариме за поканата. Ни беше задоволство, и голем поздрав до сите Македонци.
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата
https://www.facebook.com/groups/makedonier/