Covid 19 Актуелно

Сѐ што треба да знаеме за маските кои се дозволени со последните заострувања на Covid мерките?

Напишано од Aleksandar Ivanov

Со новите мерки усвоени на владината седница на 19 јануари 2021 во продавниците и во јавниот превоз дозволена ќе биде употребата само на хируршки маски (OP-Maske) и маски за филтрирање на честички (FFP2 „filtering face piece“ односно KN95-Maske)

Сподели на

Обврската за носење на медицински маски стапува на сила веднаш по процедуралното официјализирање од страна на покраинските власти поединечно. Тоа значи дека мерката нема да биде важечка во сите покраини истовремено. Така на пример во Хамбург оваа мерка важи од денес додека во Mecklenburg-Vorpommern важноста почнува од понеделник.

Со оглед на тоа што кај дел од јавноста сеуште владее забуна кои маски се дозволени а кои не, во продолжение ви ги преставуваме двата типа на макси без кои нема да биде дозволено возење во градкси превози и пазарување.

Хируршка Маска (OP-Maske) *

Под медицински маски се подразбираат хируршки маски (OP-Masken). Тоа се маските со сина или зелена боја кои најчесто се користат во клиниките. Овие маски се за една употреба и треба почесто да се менуваат.

FFP2 маските се маски за филтрирање на честички и најчесто се користат за заштита на работници од прашина и отровни гасови. FFP2 маските одговараат на европската норма EN 14683:2019 и се препознаваат по тоа што на нив има испечатен „CE” ознака и 4 цифрен број. На овие маски се наоѓаат и буквите „R“ или „NR“. Маските со ознака „R“ можат повеќекратно да се употребуваат додека маските со „NR“ ознака се предвидени за еднократна употреба. KN95 маските се слични на FFP2 маските но одговараат на кинеските норми.

FFP2 Маска*

И двата вида на FFP2 маски исто како и OP маските не смеат да се перат или да се навлажнат. Пробивање на влага значително ја намалува функционалноста на маската.

*Извор на слики Amazon.de

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата
https://www.facebook.com/groups/makedonier/

Сподели на

За авторот

Aleksandar Ivanov

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот