Според протечените информации од видео-конференцијата на канцеларката Меркел со премиерите на покраините, сегашните ковид-мерки ќе бидат продолжени до 31.01.2021 и делумно ќе бидат засилени.
Во општините со повеќе од 200 ново-заразени на 100.000 жители во последните 7 дена(во моментов ги има околу 70 такви општини), ќе биде забрането напуштање на областа во радиус од повеќе од 15 км! Кој ќе замине од дома, мора да има добра причина! Туризмот и рекреацијата не се валидни причини.
Ќе бидат дозволени средби на членови на едно домаќинство и најмногу еден член на друго домаќинство. Домовите за стари лица ќе ги засилат мерките до последната вакцинација и ќе ги зголемат тестовите.Училиштата и градинките исто остануваат затворени до крајот на јануари.
***Важно за тие што после 11.1.2021 влегуваат во Германија од ризични региони:Корона Тест пред патување не постар од 48 часа, а после пристигнувањето како и до сега 5 дена карантин и повторно тестирање.За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата