Актуелно Занимливости

Новогодишен перек(Neujahrsbrezel) традиција во покраината Baden-Wurttenberg

Напишано од Aleksandar Ivanov

Обичајот, односно верувањето дека новогодишниот перек носи среќа веројатно потекнува уште од средниот век. Тогашното верување било дека “Neujahrsbrezel” штити од болести, несреќа и глад. Освен тоа симболизира поврзаност и би требало да носи среќа и здравје.

Овој обичај и до ден денес се негува во потрадиционални фамилии во покраината Baden-Württemberg. Швабите (Württemberg) го јадат перекот за доручек додека Баденците (Baden) за време на новогодишната вечер. Традиционално секој крши парче од перекот и си посакува среќа. Освен тоа на 1-ви јануари се носи ваков перек како поклон на роднините и притоа се честита новата година.

За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата: https://www.facebook.com/groups/makedonier/

Сподели на

За авторот

Aleksandar Ivanov

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот