Веста која ја пласираше во јавност српски Курир дека ФФМ планира на место на Игор Ангеловски да го ангажира Роберт Просинечки како тренер на македонската фудбалска репрезентација предизвика бурни воглвном негативни реакции на социјалните мрежи. Во меѓувреме порталот gol.mk објави демант од страна на фудбалската репрезентација на Македонија. Веста ја демантираше и Роберт Просинечки во изјава за хрватските медиуми. Но и покрај демантите останува во воздух да лебди прашањето:
„Зошто ФФМ досега не го реши тренерското прашање, ако се знае дека договорот на Ангеловски истекува на крај на годината?„.
За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата: https://www.facebook.com/groups/makedonier/
Извор на насловната фотографија: https://www.facebook.com/FudbalskaReprezentacija/