Актуелно Германија Информации

Катерина Наумовска,ВАШИОТ ПСИХОЛОГ на македонски јазик

Напишано од Aleksandar Buzleski

Драги Македонци,
Во оваа прилика ви ја претставуваме Катерина Наумовска, психолог, м-р по Клиничка психологија, тренер по емоционална писменост, со работно искуство повеќе од 20 години во клиничката и приватната пракса. Актуелно живее и работи во Германија на Клиника за онкологија и хронична болка. Катерина нуди и приватни индивидуални средби за повеќе области, како и тренинзи за зајакнување на себе, емоционалните капацитети и работилници за родители.


Благодарение на нејзиното искуство ќе ве мотивира да ставите приоритет на себе и на Вашата душа. Ништо не е поважно од Вас, Вашите емоции и потреби. Сè може да почека, но не и повредената душа, не и кога имаме внатрешен немир и не спиеме мирно. Честопати се залажуваме дека спонтано сè ќе помине и дека сами можеме да се справиме. Понекогаш ни успева, но доколку нешто се повторува и трае ни е потребна помош. А од побараната стручна помош може само да профитирате. Не одлагајте!
Забелешка: како хонорарен работник нејзините услуги се наплаќаат приватно.

Области кои ги опфаќа:
 Страв и паника
 Тага, Депресивно расположение
 Стрес, Миграција, Интеграција
 Burn Out- исцрпеност
Психоонкологија( поддршка при справување со карцином)
 Управување со хронична болка
 Справување со лутина, импулсивност
 Решавање на внатрешни конфликти
 Зајакнување на способноста за дејствување и носење одлуки
 Зајакнување на самодовербата, самопочитта и чувство на сопствена вредност

Може да ја контактирате на Е маил: [email protected] или преку нејзината фан страна: ЛИНК

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија

Сподели на

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот