Забава и дружење Занимливости

Разлика помеѓу Македонец и Германец ?

Напишано од Aleksandar Buzleski

Разликата помеѓу Македонец и Германец:

“Голем дел Македонци имаат улични и кафански школи, кои често се пресудни за снаоѓање во живот, додека кај Германците не постојат такви школи.
Правилата постојат за Македонците да ги заобиколуваат, а пак Германците слепо ги следат.
Македонија не е суверена држава. Исто и Германија не е суверена.


Македонците се облакаат убаво и понекад претерано свечено. Германците немаат осет за мода и понекад претерано демоде.
Кај Германец “да” е да, а “не” е не, а кај Македонец “да” е променлива вредност и знае да значи “да”, “не” “можеби”, а и ништо да не значи.


Македонец знае да части ако е расположен, иако има три кредита, дужен ко Грчка, и минус на картичка.
Германец нема шанси да те части иако има 58 000е на конто и куќа шо издава под ќирија.
Македонците импровизираат се и сешто, Германците не знаат шо е тоа и само следат правила.
Германец од прва плата купува велосипед. Македонец од прва плата купува на кредит ново BMW.


Итн итн…има материјал цел роман да се пише на темава.”- напиша во коментар членот на нашата група со ФБ профил Владко Антелиус Максимус. (Коментарот е пренесен изворно и воопшто не е лектуриран, со цел да се задржи неговата автентичност).

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Сподели на
Симнете ја мобилната апликација

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот