Гастрономија Огласи и услуги

Ресторан „Zur Traube“, вкусот на Македонија никогаш не бил поблиску!

Напишано од Aleksandar Ivanov

Сместен во местото Neipperg, во вински регион на 20-тина минути оддалеченост од Heilbronn, 30-тина минути од Bretten, 45-минути од Bruchsal и на околу 1 час оддалеченост од Stuttgart, Karlsruhe, Heidelberg и Mannheim ресторанот „Zur Traube“ ви нуди ексклузивна можност да уживате во убавините на македонската кујна дополнително зачинета со по некоја чаша лозова ракија, македонски вина и скопско пиво. Локација: кликни ОВДЕ

Во сопственост на фамилијата Стефанов ресторанот „Zur Traube“ ги отвори вратите на 7-ми октомври 2023 за гостите и оттогаш неуморно, со огромна љубов и исклучително професионален пристап создаваат прекрасна гастрономска приказна во која има по нешто за сечиј вкус. Почнувајќи од прекрасните салати и мезиња на чело со нејзиното височество шопската салата, традиционалните македонски макала, сирење под капак преку пстрамајлиите, секаков вид на скара па се до специјалитети како селско месо, плескавица во тесто, фламбирано ребро и многу други специјалитети кои ќе ги најдете во нивното МЕНИ (кликни ОВДЕ). Сето тоа сервирано во традиционални глинени грниња, глинени чинии и даски. 

Во ресторанот ќе ве поздрави Јован, синот на фамилијата Стефанов кој како вистински македонски амбасадор овде во Германија освен македонските специјалитети ќе ви понуди и тиквешка ракија, скопско пиво и голем асортиман на македонски вина. Автентичното доживување е заокружено со прекрасен амбиент, многу детали кои потсеќаат на Македонија, фамилијарна атмосфера и тивка македонска музика, која Јован неуморно ја негува. 

На крај секако треба да се каже дека погоре кажаното е резултат на гастронсомското искуство кое Јован го има собирано од најмали нозе во родното Кочани а неговата мајка Габриела е школуван кувар. 

Ресторанот „Zur Traube“ работи од четврток до сабота од 17:30 до 23:00 часот а во недела од 12:00 до 21:30 часот. 

Ресторанот има место за 70 гости во затворениот дел и 35 гости на терасата. 

За повеќе детали посетете ја нивната веб страна клиники ОВДЕ односно Фејсбук профилот (ЛИНК). 

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Сподели на

За авторот

Aleksandar Ivanov

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот