На Интернационалното и Германско првенство на 21.09 2024 година кое се одржа во Леверкузен Германија .
Виктор Димовски -ТАМПЕС настапи во боречката вештина МУАИ ТАИ минус 60 кг.
Требаше да има 5 борби а имаше 3 борби во кои победи со нокаут во 3 борби а наредните 2 борби беа предадени од противниците , и го освои шампионскиот појас и пласман за на Светското првенство кое се одржа на 05.10.2024 година во Руселхајм .
Покрај повредата од турнирот кој се одржа на 21.09.2024 година Виктор не сакаше да отсуствува на Светското првество и го прифати оредизвикот да се бори со постар и потежок противник на сопствен ризик и за жал поради повредата не успеа да го освои првото. место. Сепак го освои третото место. На Светското првенство имаа право на учество само најдобрите спортисти и прваци во нивните категории во нивните држави.
Имаше учесници од повеке од 30 држави .
Желбата за победа и љубовта кон спортот на боречките вештини беа појаки од губењето надеж за учество на такво првенство каде е чест привилегија и задоволство да се учествува на таков турнир каде се мерат силите на најдобрите борци во светот.
Виктор -ТАМПЕС секогаш се бори со знамето Македонско и му е чест што го има на секој турнир со него бидејќи сонцето му го осветлува патот.
Иначе Виктор е Македонец од Велес кој подолги години со своето семејство живее во Германија.
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.