Ви го претставуваме нашиот нов поддржувач, Климент Анев кај кого во секое време може да се обратите во врска со осигурување и кредити за цела Германија.
Дали се работи за осигурување, штедење, кредити, станбено прашање – сега имате сè на едно место. Можете да го контактирате за сè што ве интересира. Добивате најдобри услуги на пазарот во Германија. Голема предност е што секој договор ќе ви биде објаснет на македонски јазик за да може точно да знаете што потпишувате. Од почеток до крај сè на едно место: отварање сметка, пријавување за здравствено осигурување, осигурување стан па сè до купување на стан.
Доколку сте слушнале за повеќе осигурувања но не сте сигурни кое ви е потребно, без гајле, контактирајте, ќе ја разгледа вашата ситуација и според тоа ќе добиете повеќе понуди што би одговарале на вашиот животен стил.
Кредити: Многумина прашуваат за кредити со работна виза – да тоа е возможно. Рефинансирање на постоечки кредит исто така може да добиете, или пак затворање кредит во Македонија. Станбени кредити – потребно е еден од кредитобарателот да има ЕУ пасош или постојани документи (Niederlassung). Осигурувања: Сите видови на осигурување, додатни здравствени осигурувања како и приватни здравствени и пензиски осигурувања. Осигурување на автомобил, осигурување од болест, животни осигурувања итн. Осигурувања за фирма: Сите осигурувања за една фирма, од осигурување од одговорност до осигурување за вработените. Штедење: За луѓето кои сакаат да штедат за себе или пак за своите деца, прекрасни планови за штедење и за градење на сигурна иднина.
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.