“Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги повикува сите заинтересирани организации, здруженија и поединци, кои потекнуваат од редовите на дијаспората, да поднесат проектни пријави кои опфаќаат идеи и иницијативи од нивен интерес.
Рокот за аплицирање трае до 28 септември, при што предлог- проектите пристигнати по овој датум нема да се разгледуваат. Проектите во скенирана форма се доставуваат до Министерството за надворешни работи преку електронската пошта на Дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) на Република Македонија во странство и паралелно, на e-mail seat.fejzuli@mfa.gov.mk. Доколку апликантот нема можност за скенирање на проектот, истиот се доставува по пошта до надлежното ДКП.
Информираме дека согласно внатрешниот Правилник на Министерството за надворешни работи за утврдување на постапката за доделување на проектни средства, наменети за потребите на дијаспората, од страна на Министерот за надворешни работи ќе биде формирана Комисија за разгледување и евалуација на пристигнатите проекти. Истата ќе изготви решение за распределба на проектните средства.
Апликантите, чии проекти ќе бидат одобрени/неодобрени од Министерството за надворешни работи, за истото ќе бидат информирани преку електронска пошта од страна на Министерството за надворешни работи.”- стои на сајтот на МНР
***Став на Редакцијата на порталот Македонци во Германија е за називот на државата да се користи името Република Македонија.
За вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.