Македонци во Германија Црковни општини

Изградба на нова македонска православна црква во Берлин, главниот град на Р. Германија

Напишано од Aleksandar Ivanov

Со огромна радост и чест ве информираме дека оваа есен ќе почне да се гради третата македонска црква во Германија. По Црквите Свети Никола во Маинц и Црквата Свети Кирил и Методиј во Дортмунд и верниците во Берлин ќе добијат свој Црковен дом изграден од темел.

Имено на 15.09. 2024 со благослов на Високопреосвештенеишиот Митрополит Европски г. Пимен ќе биде осветен и поставен камен темелникот на новата црква посветена на “свети Климент Охридски”во Берлин. На овој историски настан очекуваме гости од цела Европа, а и од другите континенти.

Инаку проектот е веќе готов, автор е архитект Елена Цонева, а кординатор на проектот е архитект Мариан Јозеф Тебел. Како што се гледа и од скицата подолу црквата ќе биде на две нивоа и тоа во долниот дел ќе бидат црковните простори со површина од 150 m2 а во горниот дел ќе биде црквата и таа ќе има површина од 100 m2.

Моментално богослужбите се вршат во наш параклис (мала црква) посветена на “Рождество на Пресвета Богородица”, изградена во 2009 година. Новата црква ќе биде изградена на истиот плац до параклисот (мала црква).
Адреса: Osdorfer Straße 16, 12207 Berlin.

Очекуваме овој проект да биде подржан од сите Македонци во светот преку финансиска помош, на трансакциската сметка од Црквата во Берлин. Исто така, може да се помогне, со машини, материјали (железо, бетон итн) и со работа. На тој начин Црквата би се завршила побрзо од две години.

Berliner Volksbank eG
IBAN: DE06 1009 0000 5726 9810 02
BIC: BEVODEBB
Verwendungszweck: Errichtung eines Kirchengebäudes

Телефон за контакт: 017661358101 отец Оливер Новески

Facebook профил Отец Оливер Новески ЛИНК

Facebook профил Црковна Општина Свети Климент Охридски Берлин ЛИНК

За повеќе информации и дискусии на вакви  но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија. ЛИНК

Сподели на

За авторот

Aleksandar Ivanov

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот