Актуелно Вести

Тажна вест!!! Македонец од Жировница убиен во градот Essen Германија!!!

Напишано од Aleksandar Ivanov

Денес наутро во нашата Facebook група “Македонци во Германија” ЛИНК беше споделена трагичната вест за убиство на млад Македонец во Германија.
Се работи за 32 годишен млад човек од Жировница (Маврово – Ростуше) кој од 2017 година работи во McDonald’s во градот Essen. Според кажувања на луѓе кои го познаваат се работи за исклучително добро воспитано дете. Буквално АНГЕЛ без дамка во неговото однесување. Оттука на никој не му е јасно како можело да дојде до ваков трагичен настан.
Трагичната вест ја сподели негов соселанец а тука ви ја споделуваме во целост…

Убиено златно дете од Жировница ( Маврово-Ростуше ) мој соселанец .

За жал Германија насобра секакви будали од сите страни на светот и стана една од нај опасните држави .

Иако законот можеби функционира, но опасноста не изостанува, а после изгубен млад живот, се е залудно дали убиецот ќе биде фатен и осуден …

Ова нека биде поука и апел до сите деца, тинејџери и родители :

Внимавајте каде излегувате и избегнувајте било какви провокации и инциденти ‼️

Детево ни криво ни должно излегло на прослава и не се врати дома, судбината така сакала, да биде на погрешно место во погрешно време.

Неговите родители скоро дојдени тука во посета, а ќе се враќаат назад со синот во ковчег …..наша гурбетска трагична судбина…

Покрај официјалните информации од блиски извори дознавме дека ноќта сабота спроти недела настраданиот со уште двајца пријатели биле излезени. Едниот од нив отишол да купи донер и кога се вратил ги затекол своите двајца пријатели со тешки повреди. За жал во едниот случај со смртоносни последици. Исто така дознаваме дека телото на упокоениот е веќе транспортирано во Македонија.

Германските медиуми за овој настан го пишуваат следното:

Смртоносна расправија во сабота навечер (17.02) во Essen!

Според полицијата, околу 2 часот по полноќ во центарот на градот бил брутално претепан маж (32).

Кога пристигнале полициските сили, затекнале случаен минувач кој се обидувал да ја реанимира жртвата која била во несвест на Kettwiger Straße во Essen. Човекот кој му давал прва помош и бил сведок на настанот а според досегашните сознанија случајно се нашол на местото на злосторството, рекол дека 32-годишниот се степал со уште двајца мажи. Според информациите на „WAZ“, еден од инволвираните наеднаш извадил пивско шише и удрил во него. На прашањето на DER WESTEN, полицијата во Есен не сакаше официјално да ја потврди оваа информација. По обдукцијата, во официјалното известување беше наведено дека се работи за „тап предмет“ со кој биле нанесени смртоносните последици.

По дадената прва помош спасувачките екипи го однеле 32-годишниот маж во болница но за жал таму им подлегнал на тешките повреди.

Како резултат на добриот опис кој сведокот и го кажал на полицијата, полицијата успеала да ги најде двајцата осомничени Еритрејци. 25- годишниот осомничен бил уапсен на железничката станица во Essen, а 29- годишниот на железничката станица во Mühlheim.

Повозрасниот осомничен е задржан во притвор и нему ќе му биде судено за убиство. Додека помладиот осомничен по првичното сослушување е пуштен на слобода.

Извор: ЛИНК

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Сподели на

За авторот

Aleksandar Ivanov

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот