Откако беше усвоен во Бундестагот на 19 јануари 2024, новиот германски закон за двојно државјанство денес (2 февруари 2024) треба да оди на гласање во Бундесратот, како претпоследна фаза од законодавниот процес.
Ако законот помине низ Бундесратот без пречки, што е очекуваниот исход, Франк-Валтер Штајнмаер, актуелниот германски претседател, веднаш потоа ќе биде поканет да го потпише нацрт-законот. По тековната временска рамка, законот се очекува да стапи на сила на почетокот на мај 2024 година.
На тој начин конечно ќе биде можно да се има двојно државјанство за сите кои живеат најмалку 5 години во Германија.
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.