Актуелно Вести Германија

Новиот закон за двојно државјанство во јануари ⁉️

Напишано од Aleksandar Buzleski

Владината семафор коалиција се согласи дека во иднина треба да има побрза натурализација. Носењето на законот најверојатно ќе потрае до јануари 2024, пред сè бидејќи до самиот крај имаше спор за детали.

Планираните реформи на законот за државјанство не беа ставени на дневен ред во последната недела од состаноците пред Божиќ, бидејќи ФДП не се согласи со предлозите за корекција на Зелените.

Во заедничко соопштение, фракциите на семафор коалицијата најавија дека предлог-законите треба да бидат изгласани во Бундестагот во јануари.

Реформата на законот за државјанство треба да им овозможи на милионите лица со имигрантско потекло да добијат германско државјанство по само пет години (наместо досегашните осум години) престој во Германија. Апликантите мора да бидат способни да се издржуваат самостојно, т.е. без владина помош. Ако може да се докажат посебни достигнувања за интеграција, како што се добри јазични вештини, натурализацијата може да биде можна дури и по тригодишен престој во Германија.

Досега повеќекратното државјанство не беше дозволено во секој случај. Додека на граѓаните на ЕУ им е дозволено да го задржат своето матично државјанство, турските граѓани, на пример, мораа да се откажат од турскиот пасош за да се натурализираат. Македонија, беше третирана потполно на истиот начин.

Планираниот закон има за цел да им даде можност на претходно обесправените групи да се натурализираат и во исто време да го задржат своето првобитно државјанство.

Дополнително, децата родени во Германија од странски родители треба автоматски да добијат германско државјанство доколку барем едниот родител живее во Германија повеќе од пет години и има право на постојан престој.

Милионите засегнати даночни обврзници во Германија, будно го следат целиот процес, и се надеваат дека конечно ќе може да го остварат долгоочекуваното право на двојно државјанство.

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија

Сподели на

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот