Актуелно Вести Спорт

Ќе го видиме ли нашиот фудбалски виртуоз во дресот на RB Leipzig?

Напишано од Aleksandar Ivanov

И додека за нашите медиуми замената на синиот неаполски дрес со црвено белиот дрес на FB Leipzig за македонскиот репрезентативец е завршена работа, германските медиуми сеуште зборуваат за преговори.

Во Leipzig Елиф би бил замена за шведскиот интернационалец Emil Forsberg (32) кој по 325 натпревари денес против Werder Bremen го одигра својот последен натпревар за RB Leipzig.

Како што кажавме погоре од 2019 година Елиф ги брани боите на S.S.C Napoli. Во италијанскиот клуб дојде од
Fenerbahçe Istanbul за 16,2 милони евра
и има договор до Јуни 2025. Актуелната вредност според transfermarkt.de му е 26 милони евра. За каква сума се преговара не е познато.

Оваа сезона Елиф не добиваше многу можности да игра. Настапи на 11 натпревари и постигна 2 гола. Во моментов има повреда на мускулот, а на терените би требал да се врати во јануари.

Најдобрите моменти за оваа сезона видете ги на видеото.

За повеќе информации и дискусии на вакви  но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија ЛИНК

Сподели на
Симнете ја мобилната апликација

За авторот

Aleksandar Ivanov

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот