И оваа година трет пат по ред Агенцијата за иселеништво ќе го организира „Иселеничкиот фолклорен фестивал“ во Охрид, на кој учество ќе земат македонски културно-уметнички друштва од иселеништво. Настапите ќе се одржат во периодот од 3-7 јули 2024 година, а хотелското сместување и организацијата на фестивалот финансиски ќе бидат поддржани од Агенцијата за иселеништво. Членовите на фолклорните групи треба да бидат со македонско потекло.
Учеството на „Иселеничкиот фолклорен фестивал“ пријавете го на biljana@minisel.gov.mk до 1 февруари 2024 година.
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.