Актуелно Германија

11 причини да не се преселите во Германија !?

Напишано од Aleksandar Buzleski

Германија најчесто важи за многу посакувана дестинација за многу странци, и првата асоцијација е јаката економија и високиот животен стандард. Сепак, постојат и многу други критички настроени ставови за животот во Германија. Еден од нив, кој се состои главно во 11 точки, и ни доаѓа од порталот Sunday rost. Нивните 11 главни забелешки на животот во Германија се следните:

  • Германците внимаваат детално што прави нивниот сосед, и ако забележат нешто, знаат да го пријават тоа дури и во полиција (бидејќи избегнуваат директна конфронтација, па оставаат официјалните органи да го решат “проблемот”)
  • Не така високата заработувачка ( бруто платата после оданочувањето изгледа многу помала)
  • Даноците се страшно високи (особено за лицата кои добро заработуваат, па данокот на приход знае да биде и над 40%. Воедно и осигурувањето е доста скапо, особено здравственото осигурување)
  • Слабата понуда на автентична и разновидна германска храна (најчесто Германците јадат виршли, шницли,разни варијанти на компири, паста и пица. Се разбира дека може да најдете интернационални ресторани со добра и квалитетна храна, но тоа чини доста многу)
  • Без познавање на германски јазик многу тешко ќе успеете да направите нешто повеќе во Германија. Повеќето Германците зборуваат англиски, но не течно (за разлика од држави како Холандија или Шведска).
  • Ладниот германски менталитет странците често знае да ги одврати комплетно
  • Тешко е да се вклопите во германското општество без разлика колку добро зборувате германски или колку сте успешни. Германците сепак на вас ќе гледаат како на ауслендер…
  • Справувањето со издавачите на станови често пати знае да биде доста напнато
  • Услужниот сектор во Германија генерално е на едно незадоволително ниво . Често пати за обични услуги се чека со недели или месеци . И сето е регулирано на база на термини. Спонтаноста воопшто ја нема
  • Досаден ноќен живот (освен ако сте во Берлин или Хамбург). Германците ретко одат во ресторан или кафуле на муабет. Тоа е нешто што особено им фали на новите странци во Германија кои се навикнати на секојдневниот кафе ритуал во матичните земји
  • во недела сите продавници се затворени (за разлика од многу земји каде има дежурни маркети). За среќа на бензинските станици може да се купат основните намирници (но по многу поскапи цени од нормалните) .

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Сподели на

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот