Германија Забава и дружење Спорт

Галерија: РК Вардар против HC Rhein Neckar Löwen

Напишано од Aleksandar Buzleski

Уживајте во неколкуте случајно избрани фотографии од денешниот ракометен натпревар помеѓу РК Вардар и HC Rhein Neckar Löwen. Натпреварот се одржа во градот Heidelberg, Германија. Одлична околност беше тоа што во непосредна близина на самата спортска сала, беа сместени и ракометарите на РК Вардар, кои накратко нé почестија со кратка средба во склоп на хотелот во кој беа сместени.

Јаготка на шлагот беше што на само 200 метри од хотелот се наоѓа македонскиот ресторан Македонија, кој се претвори во фан зона за Македонците, кои од цела Германија, во голем број дојдоа да дадат поддршка на македонскиот ракометен шампион. Иако резултатот беше во корист на домаќинот (37:33) во убаво сеќавање ќе остане прекрасната дружба на навивачите и ракометарите.

Навивачите се собираа веќе од 11-12 часот утрото пред ресторанот Македонија во Хајделберг
Средба на дел од Модераторскиот тим на групата Македонци во Германија, конзулот од конзулатот во Бон, господинот Боро Мирчески, со шефовите на стручниот штаб на РК Вардар
Дел од атмосферата пред влезот на салата
Дел од атмосферата пред влезот на салата
Дел од атмосферата после завршувањето на натпреварот
Дел од атмосферата после завршувањето на натпреварот

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Сподели на

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот