Забава и дружење Занимливости

Каде најчесто одат на одмор Македонците од Германија?

Напишано од Aleksandar Buzleski

На анкетата која беше спроведена на нашата група Македонци во Германија изминатите денови, на прашањето “Каде ќе одите на одмор оваа 2023 година” само се потврди дека Македонците кои живеат во Германија најмногу сакаат да одат на одмор во родната земја. Нешто повеќе од половината одговориле дека тешко заработените пари за годишен одмор, најмногу сакаат да ги остават во родната Македонија.

Околу 24% од испитаниците одговориле дека повеќе сакаат годишниот одмор да го поминат во некоја од европските земји.

Значителен број (околу 15 %) од испитаниците радо остануваат во во Германија за време на нивниот одмор.

И мал дел (околу 7%) одговориле дека годишниот одмор го користат за посета на некоја подалечна дестинација надвор од Европа.

Ако се знае дека на анкетата учество зедоа 1500 испитаници за само два дена, може да се смета дека се работи за прилично голем репрезентативен примерок, што го прави крајниот резултат прилично релевантен.

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Сподели на

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот