Уживајте во галеријата со фотографии на Виктор Димовски, попознат како Тампес. Инаку Виктор е млад Македонец по потекло од Велес, кој веќе неколку години со своето семејство живее во Германија. Тој е петкратен светски шампион во кик бокс, мау таи и фул контакт.
Од фотографиите може да се забележи дека во неговата соба најголемиот декор се огромниот број на медалји, пехари, дипломи, признанија и сертификати.
Во разговорот со неговиот татко (кој воедно е и неговиот личен тренер) ни откри дека на последниот германски турнир во фул контакт во Eschborn, Германија не се нашол противник кој ќе го предизвика Виктор. Па така Виктор сеуште и официјално го има приматот светски шампион. Нашата редакција ќе продолжи да дава безрезервна поддршка на младиот Виктор, и му посакува уште повеќе успех во рингот во иднина.
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.