Во осмата епизода од поткастот БЕЗ ГРАНИЦИ, наместо Македонец во Германија, имаме Германец во Македонија, поточно во градот Струмица.
Во ова ексклузивно издание дознајте од прва рака кој бил главниот мотив нашиот пријател Маркус да се одлучи на еден ваков навидум несекојдневен чекор. Додека повеќето мигрираат на релација Македонија-Германија, Маркус кој претходно со својата сопруга (која е Македонка) и детето живееле во неговиот роден град во Баварија, решаваат да одат во спротивен правец, и заминуваат во топлата Струмица. Таму живеат до ден денес, и како што ни раскажа и самиот Маркус, уживаат во животот без многу стрес, опкружени со топлиот македонски менталитет. Дознајте што е тоа што го натерало Маркус да го замени подобриот животен стандард за топлата Македонија.
Видеото премиерно ќе се прикажува на нашиот YouTube канал во понеделник (17.04.2023) во 21:00 часот. Уживајте :
Воедно ја користиме оваа прилика да ве поканиме сите вас што сакате да ја споделите вашата приказна, да ни пишете на нашата е маил адреса:
makedoncivogermanija@gmail.com
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.