Во продолжение известувањето на црковна општина Свети Кирил и Методиј Stuttgart.
Почитувани Верници
Наредната Богослужба е во Недела на 26.03.2023 лето господово во чест на Младенци со почеток во 11:00 часот.
Последна Богослужба во досегашната црква.
После 29 години во Цуфенхаузен од Недела 02.04.02023 година се селиме во друга црква.
Michaelskirche, Föhrstraße 2, 70439 Stuttgart (Neurwirtshaus).
Со надеж што поскоро да биде наш сопствен Храм како што доликува со Алтар и фрески како секоја наша македонска православна црква.
Напомена:
Бидејќи во близина на црквата нема доволно простар за паркирање за повеќе Возила, дозволено ни е да паркираме во Паркиралиштето на фирмата Порше.
Подолу во прилог слика од просторот за паркирање во Паркиралиштето на фирмата ПОРШЕ. Паркирање дозволено за време на Богослужбите во Сабота и Недела.
Сите кои сакат да дадат финансиска поддршка црковниот одбор кој прави огромни напори по 40 години оваа општина да добие сопствена црква тоа можат да го направат со исполнување на формуларот (види доле) или директно да стапат во контакт со претседателот на црковниот одбор Саше Јакимовски.
Телефон : 01727178606
Facebook: Кликни ОВДЕ
За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија ЛИНК
*Напомена: Групата е од затворен карактер, за да ги гледете содржините треба да станете член.