Во оваа епизода од поткастот БЕЗ ГРАНИЦИ ни гостува Александар Камберовски. За тие што не знаат, тој е и член на модераторскиот тим на групата Македонци во Германија на Facebook.
Како и со повеќето гости во изминатите епизоди на поткастот, и оваа епизода ќе биде презентирана во два дела.
Во првиот дел, Александар ни раскажува за периодот кога сеуште бил во родното Скопје и слабите можности за вработување и напредок во кариерата, и покрај тоа што во тоа време веќе бил на магистерски студии. Па така, свесен за целата ситуација, одлучува да си ја проба среќата во Германија. Како и многу други млади луѓе почнува од првата отскочна даска, а тоа се рестораните за брза храна ( во овој случај McDonald’s во градот Линдау, кој се наоѓа на брегот на убавото Боденско езеро, на самата граница со Австрија).
После успешната студентска работа од околу 3 месеци се враќа во Скопје. Но германскиот начин на живот очигледно му се допаѓа и набрзо потоа одлучува повторно да се врати во Германија.
Преку групата Македонци во Германија стекнува многу совети околу првичните чекори (сместување, работа, документација и слично) и овој пат доаѓа во престолнината на Баварија , Минхен. Соочен со најголемиот проблем во Минхен (сместувањето) на почетокот мора да дели малечка соба со цимери, за да на крајот конечно дојде до мало станче од дваесетина квадратни метри.
Егзистенцијата за почетокот во Минхен повторно мора да ја бара во McDonald’s. Свесен дека тоа е прилично стресна работа, после извесно време почнува со работа и на други места.
Во една фирма каде веќе работел 2-3 години неочекувано добива отказ во период кога бил на боледување.
После кратки консултации, одлучува да ангажира адвокат и правдата да ја бара на суд. За среќа, си плаќал правно осигурување (Rechtsschutz) па речиси сите трошоци за адвокатот биле платени од страна на неговата осигурителна компанија.
За сите детали погледнете го првиот од двата дела од поткастот со Александар во понеделник ( 13.03.2023 ) во 21 часот на нашиот YouTube канал Makedonier in Deutschland Македонци во Германија.
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.