Актуелно Македонија

Еве зошто Андријана не сака да дојде во Германија

Напишано од Aleksandar Buzleski

Фејсбук статус на Адријана Поповиќ оваа недела е вирален на социјалните мрежи. Текстот го пренесуваме во целост:

“Сите ме прашуваат зошто не се селам од Македонија. Епа дојде моментот да разјасниме.
Ужасна политика? Да. Сиромаштија? Да. Неправда? Многу.
Ова е нашето секојдневие и факт е дека е катастрофално. Исто така мора да се соочиме со фактот дека оваа реалност нема да се промени сама од себе. Нема да се разбудиме едно утро во праведна држава со вистински вредности и слога меѓу народот. Бруталната вистина со која што мора да се соочиме е дека мора да излеземе од mindset-от “што се замараш”, “не зависи од нас” и слично, зашто на крајот од денот буквално зависи од нас.
Предолго интелектуалците се фокусираа на хедонизам и ја оставија политиката и одлуките на гладните и жедни мршојадци, време е да се разбудиме.
Македонија е преубава ако знаеш да го уклучиш мозокот и не се плашиш од предизвик.
Одбивам да ја предадам државата за 6 евра во McDonald’s во Германија само затоа што не сме биле доволно гласни. Тие ладни улици нема да ја заменат прегратката на баба ми, липите во април и мирисот на дом.”

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Сподели на

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот