Активизам Актуелно

Акција: Да донираме за македонско мече!!!

Напишано од Aleksandar Ivanov

Почитувани,

групата Македонци во Германија реши директно да се вклучи во иницијативата за создавање на “Македонско-Мече” кое сакаме да биде дел од изложбата “United Buddy Bears”. Повеќе информации за оваа изложба може да прочитате ОВДЕ.

Изложба “United Buddy Bears” – Tierpark Berlin. Фото-Ирена Бојаровска

Се надеваме дека со ваша помош ќе ги собереме преостанатите околу 2.000 Евра и на тој начин ќе овозможиме Македонија достојно да биде презентирана на оваа изложба која во меѓувреме брои 152 мечки кои ги презентираат своите држави. Верувавме дека секој од нас ќе биде горд ако овозможиме преку оваа акција и Македонија да добие свое мече кое ќе биде обоено во македонски бои и насликано со македонска орнаментика.

Сите кои сакаат да ја подржат оваа иницијатива можат да уплатат средства на следниот линк: https://www.gofundme.com/f/donate-for-a-macedonian-united-buddy-bear?qid=7f60c31edf3cb34469a741c1c255450e

Покрај собирањето на средства преку платформата GOFUNDME во зависнот од потребите и можностите ќе се обидеме да бидеме присутни и на места каде што има организирано собирање (црковни општини, друштва, забави, македонски ресторани и тн.) за на тој начин да им овозможиме на луѓето да донираат на лице место. За овие активности ќе известиме дополнително.

Дополнително за подобро информирање создадовме плакати и летоци (флаери) и истите ќе бидат поделени на места каде што ќе има интерес и потенцијал да се подржи оваа активност

Оваа можност ја корисниме и да ги повикаме и нашите членови, здруженија, црковни општини, фирми и секој кој сака поинтензивно да ја поддржи оваа иницијатива да не контактираат на нашата E-mail адреса : makedoncivogermanija@gmail.com

Иницијатор на оваа акција е Ирена Бојаровска, Македонка од Берлин. Во меѓувреме ние стапивме во контакт со Ирена и се уверивме во нејзината искрена желба и мотивација. Затоа сакаме со заеднички сили да го реализираме овој многу интересен но и важен проект за кој од досегашните активности веќе се собрани 550 евра.

Во продолжение читајте како се роди идејата и за што поточно станува збор.

Фејсбук објава на Ирена Бојаровска во Групата Македонци во Германија.

Да му помогнеме на македонското мече да се врати кај другарчињата 🙂 – во изложбата на United Buddy Bears која што јас ја видов во Tierpark во Берлин, а шета низ целиот свет уште од 2002 година, ги има практично сите земји припадници на Обединетите Нации, освен нашата :(. Барав под сите возможни букви и ништо.. Потоа побарав одговор од организаторите на оваа изложба, и ми кажаа дека од 2002 година македонското мече се наоѓа пред Амбасадата на Р. Македонија, и за учество на изложбите треба да се наслика второ: трошоците се фиксни 2.500 Евра плус евентуален хонорар за уметникот. Ајде да ги собереме ние овие средства и да направиме и подариме македонско мече за изложбата! Досега имало над 30 изложби на сите пет континенти со преку 40 милиони посетители. Македонија цела да е, секој да ја знае 🙂 Ве молам донирајте и споделете се со акцијата со вашите пријатели! Со почит и верба дека можеме, Ирена Бојаровска.

За повеќе информации и дискусии на вакви  но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија ЛИНК.
*Напомена: Групата е од затворен карактер, за да ги гледете содржините треба да станете член.

Сподели на
Симнете ја мобилната апликација

За авторот

Aleksandar Ivanov

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот