Информации Признавање на документи

Од Бургер Кинг до целта

Напишано од Aleksandar Buzleski

Минатата недела беше презентиран вториот дел од видеото со Баже Костадиносвски. Видеото е со наслов “Од Бургер кинг до целта” и е дел од проектот БЕЗ ГРАНИЦИ во организација на админ тимот на Македонци во Германија. Целта на овој проект е од прва рака да се запознаеме со причините зошто повеќето луѓе воопшто одлучуваат да заминат, како најдуваат работа и сместување, како обезбедуваат работни документи, со кои проблеми се соочуваат и слично. Гостите раскажуваат за своите згоди и незгоди, искрено и без цензури. На тој начин ќе се разбијат многу митови и заблуди поврзани со “работата во странство”.

Сите кои размислуваат да го спакуваат целиот живот во само еден куфер, во оваа емисија ќе најдат одговор на поботните прашања кои ги мачат. Воедно, заклучете сами зошто многу не ни стигнуваат на саканата дестинација или не успеваат да го издржат тој притисок и жртва, и одлучуваат да се вратат во Македонија.

Слушнете ја животната приказна на Баже директно од него самиот.

Воедно ја користиме оваа прилика да ве поканиме сите вас што сакате да ја споделите вашата приказна, да ни пишете на нашата е маил адреса:

makedoncivogermanija@gmail.com

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Сподели на
Симнете ја мобилната апликација

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот