Со децении, идејата за „бегање во Швајцарија“ е интересна тема за многумина. Но ова е еден од најинтересните случаи за “бегство” во Швајцарија. Имено швајцарската полиција потврди дека германски државјанин, за кој се претпоставува дека е мртов веќе 18 години, всушност е жив и здрав и живее во кантонот Швиц.
Според швајцарскиот весник 20 Minuten, сопругата на мажот првично го пријавила како исчезнат пред 18 години. Брачниот пар заминал во тоа време во Шпанија и започнале нов бизнис со продажба на автомобили, но проблемите започнале откако мажот рекол дека мора да се врати во Минхен на службено патување. Нешто подоцна, мажот бил пријавен за исчезнат.
По опсежната потрага на германската полиција, која ги одвела на 100 метри од швајцарската граница во Констанц, властите ја прекинале потрагата. Во тоа време, службите за итни случаи рекле дека нивните докази укажуваат на самоубиство или насилно злосторство и дека според тоа, претпоставувале дека човекот е мртов.
Сега, во нешто што може да се опише само како пресврт на судбината, полицијата во кантонот Швиц налета на сопственик на швајцарска дозвола за престој кој одговарал на името и идентитетот на исчезнатиот Германец. Во соработка со германската и шпанската полиција набрзо бил отворен специјален случај со цел да се идентификува лицето. Сега, според портпаролот на полицијата во швајцарскиот кантон, тие го имаат “вистинскиот” човек.
Излегува дека човекот живее и работи во Швајцарија од неговото исчезнување и дека нема намера повторно да се соедини со своето семејство. И покрај тоа што користел полициски ресурси за да го пронајде поединецот, германскиот комесар задолжен за истрагата изјави за 20 Minuten дека „ако некој го остави стариот живот зад себе, тоа не нè засега нас, тоа е приватно и не поставуваме прашања“, па затоа тој е слободен да оди. Сè што побарал мажот е полицијата да ја извести неговата сопруга дека тој, всушност, не е мртов.
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.