💥📢Почитувани членови
Во пресрет на светскиот мундијал⚽🥅📣 Катар 2022, модераторскиот тим на групата Македонци во Германија ве поканува да “си ги одмерите силите” и да видеме кој е најдобриот фудбалски прогнозер во групава 😉
Најдобриот ќе биде награден со една симболична награда 🎁
За таа цел ве покануваме да го направите следново:
1️⃣ Инсталирајте ја апликацијата Kicktipp на мобилниот која што е достапна за iOS/Android платформите. Истата е достапна и преку Web пребарувач https://www.kicktipp.de/ и можете да ја користите на Германски или Англиски јазик.
2️⃣ Откако ќе ја отворите апликацијата ако не сте регистрирани потребно е да се регистрирате со постоечка email адреса и да си измислете ваша лозинка за новиот kicktipp профил
3️⃣ Откако ќе се регистрирате и логирате потребно е да го посетите следниов ЛИНК.
Тоа е нашата виртуелна “соба/група” каде што ќе даваме прогнози. Откако ќе ја отворите групата кликнете на копчето да станете член на истата група
ВАЖНО: Вашиот профил со кој ќе учествувате треба да биде по следниот модел: Прва буква од името Точка целото презиме.
Пример ако се викате Атанас Атанасовски вашиот профил треба да биде А.Атанасовски.
4️⃣ Ставете ги вашите прогнози за натпреварите што следат и одговорете на бонус прашањата (победници по групи и кој би бил шампион). Не заборавајте да кликнете на копчето најдолу за снимање на промените
☝️Правила:
📌 Прогнозите ќе можете да ги ставате до моментот пред да започне натпреварот
📌 Прогнозите од останатите членови ќе може да ги видете по започнувањето на натпреварот
📌 Комуникацијата на оваа тема нека биде во рамките на овој пост. Доколку некој има технички проблем овде нека пише. Ќе дополниме со некој screenshot да биде појасно
📌 Правилата за бодување се земени генерички како што се иницијално поставени и истите можат да се видат и прочитаат преку самата апликација
📌Модераторскиот тим најдобриот прогнозер ќе го награди со некоја симболична награда по завршувањето на мундијалот 🎁
Бодување:
• Прогнозирањето се врши со давање на конкретен финален резултат(доколку има пенали, се зема резултатот со пеналите)
• Доколку се погоди точниот резултат се добива 5 бода
• Доколку НЕ се погоди точниот резултат меѓутоа го погодите победник на натпреварот тогаш добивате 2 бода
• Доколку НЕ се погоди точниот резултат меѓутоа сте ја погодиле точната гол-разлика односно нерешен резултат тогаш добивате 3 бода.
Примери:
• Прогноза ( 1:2), Резултат (1:2). Добивате 5 бода за точен резултат истото важи и кога ќе погодите нерешен резултат.
• Прогноза ( 1:2), Резултат (1:3). Добивате 2 бода за тоа што сте го погодиле победникот.
• Прогноза ( 1:2), Резултат (3:4) или нерешено прогноза 1:1, резултат 2:2 добивате 3 бода за точна гол разлика.
На почетокот на типувањата имате и бонус прашања:
Од која репрезентација ќе биде фудбалерот со најмногу постигнати гола на првенството, кои репрезентации ќе дојдат до полуфиналето и тн? За точен одговор на овие прашања се добива по 4 бода од прашање.
Автори: Петар Димоски и Александар Иванов
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија