Забава и дружење Занимливости

ВИДЕО: “Судбо моја” отпеана на германски начин

Напишано од Aleksandar Buzleski

Кога се спомнат Германците, првата асоцијација за нив е дека се “ладни” луѓе во споредба со нас Македонците. Но токму ова видео ќе нè увери дека не се сите Германци исти…

Некои имаат македонска топлина во себе…

Песната “Судбо моја” во следното видео е испеана од страна на Германка која е во брак со Македонец од Скопје, и долги години живеат во близина на градот Кобленц (помеѓу Франкфурт и Келн). Очигледно низ годините нашата македонска пријателка научила сè за Македонија. Песната ја пее од душа, со многу емоции и со прилично добра дикција. Кога побаравме согласност да го споделиме јавно ова видео, како од пушка рече “ЈА”.

Делот каде дојде до мала грешка намерно го оставивме, за да се знае дека видеото е 100% природно и спонтано.

Уживајте:

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Сподели на

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот