За потребите на кино филмот “Frisch” се бараат двајца машки статисти кои зборуваат македонски јазик за помала улога.
Се работи за германски филм во кој улогата на најдобар пријател на главниот лик ја игра Божидар Коцевски. Божидар е со потекло од Македонија па така во филмот ќе има сцени во фабрика за месо каде тој разговара со колеги кои зборуваат македонски. За тие сцени има потреба од статисти. Кратко инфо за филмот може да видите ОВДЕ.
Сцените ќе се снимаат на 21 и 22 ноември од 8 до 17 часот во Euskirchen. За тиа два дена ќе бидат исплатени дневници од по 120 евра на ден плус за патни трошкови. Пријавените треба да живеат во околината на Euskirchen (најмногу 120 км одалеченост).
Сите заинтересирани пишете краток E-mail на нашата адреса : makedoncivogermanija@gmail.com и ние ќе ве упатиме понатаму.
За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија ЛИНК