Зголемување на минималната плата – Mindestlohn
- Од 1 Октомври 2022 се зголемува од 10,45 на 12 евра.
Повисок праг за мини работа – Minijob
- горната граница за работни места со минимални примања (Minijob) ќе се зголеми од 450 на 520 евра месечно. За вработените на мини работни места на кои претходно им беше дозволено да заработуваат од 450 до 1300 евра месечно, лимитот од октомври ќе се зголеми на 520 до 1600 евра.
Повлекување на предлогот за доплата на гас (Gasumlage)
- Со одлука на владата е повлечен предлогот на министерот за економија Роберт Хабек за дополнителна доплатата на гас.
Намалување на данокот на гас
- Цените на енергенсите со месеци растат, затоа федералната влада одлучи да ја намали стапката на ДДВ за испораките на гас од 19 на 7 проценти. Намалувањето на данокот важи и за централните греења (Fernwärme).
Проверката на греењето станува задолжителна (Heizungscheck)
- Уредбата која ќе стапи на сила во Октомври, предвидува сопствениците на станови задолжително да извршат проверка на системите за греење во следните две години.
Нови прашања за тест за возачка дозвола
- Од 01.10.2022 година ќе се менуваат прашањата за теоретскиот испит. Според порталот „Учиме да возиме“, ќе има 52 нови или ревидирани прашања во сите класи.
Се додаваат нови прашања, се ревидираат старите прашања. Значи, ако се стремите кон есенски испит, треба да се погрижите да ги имате новите прашања и да можете да ги ажурирате програмите за вежбање доколку е потребно.
Краен рок за поднесување на пријавата за данок на имот – Frist für die Abgabe der Grundsteuer – Erklärung
- Од 2025 година треба да се применува нова пресметка за данок на имот и рокот за доставување е 31 Октомври.
Информациите мора да се доставуваат по електронски пат до даночната служба - преку пристап до порталот Елстер и формуларот обезбеден таму
- може да се користат и комерцијални контролни програми кои нудат интерфејс за Elster
- во исклучителни случаи, можно е и доставување во хартиена форма на барање од даночната служба
Задолжителни маски и негативен корона тест – Maskenpflicht und negativ Corona Test
Новиот закон за заштита од инфекции ќе се применува од 1-ви Oктомври.
- Условот за носење маска во клиниките, домовите за стари лица и медицинските ординации ќе биде продолжен.
- Во домовите и клиниките, исто така, мора да се има актуелен негативен тест за корона.
- Во авионите не треба носење маски .
- Во зависност од тоа како ќе се одвива бројот на заразени, секоја Република може да наметне дополнителни барања како што е барање за маска во продавници, ресторани или простории за настани.
- Работодавците не мора да им нудат на своите вработени работење од дома – Homeоffice
Корона – Corona
- Од 1 октомври 2022 година, генерално е потребна засилена вакцинација – Booster (т.е. трета вакцинација) за да се смета за „целосно вакцинирање“. Како алтернатива на засилената вакцинација, доволни се две вакцини и доказ дека сте закрепнале од корона.
Сепак, нема обврска за вакцинирање за влез во затворени простори. Но, во случај државната влада да наметне барање за маска во затворени простории, тогаш оние кои имаат негативен корона тест ќе бидат ослободени од носење маска.
Исто така секоја Република може да ги ослободи од носење маска и луѓето кои штотуку биле вакцинирани или оздравени .
За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија ЛИНК.
Извор : Berliner Kurier
Превод и адаптација : Даниела Савовска