Информации Социјални додатоци

Од 1 јануари 2023 повисок детски додаток и други дополнителни бенефиции за децата

Напишано од Aleksandar Ivanov

Во услови на обемно зголемување на трошоците за живот владата на СР Германија на 14 септември објави неколку мерки како поддршка на фамилиите со деца.

Kinderbonus – “Детски бонус

Со цел да се обезбеди дополнителна поддршка за семејствата во Јули месец беше исплатен еднократен детски бонус од 100 евра за секое дете. Бонусот беше исплатен во месец Јули заедно со месечниот детски додаток.
Детскиот бонус се плаќа за секое дете кое има право на детски додаток најмалку еден месец во 2022 Година, затоа родителите ќе добијат бонус и за децата кои ќе се родат во 2022 година – по месецот на плаќање јули.

Kindergeld – “Детски додаток

За да им се даде поддршка на семејствата, детскиот додаток за првите три деца ќе се зголеми на 237 евра месечно. Зголемувањето е од 1 јануари 2023 година. Тоа значи покачување од 18 евра месечно за прво и второ дете и 12 евра месечно за трето дете.

Kindersofortzuschlag – “Специјален дополнителен детски додадок за фамилии со ниски месечни приходи

Од месец Јули, децата и младите кои растат во семејства со мали или без никакви приходи добиваат месечен додаток од 20 евра. За семејство со две деца тоа значи годишен плус од 480 евра.
Оваа помош ја добиваат деца кои живеат со семејства каде родителите се приматели на:

  • социјална помош – Hartz 4
  • доплата за стан – Wohngeld
  • добиваат додаток за децата – Kinderzuschlag
  • добиваат бенефиции според Законот за бенефиции за барателите на азил – “Leistungen nach dem Asylbewerberleistungsgesetz bekommen.”

Kinderzuschlag – “дополнителен детски додаток за фамилии со пониски примања

Семејствата со ниски примања имаат можност на дополнителна финансиска поддршка. Максималниот износ на дополнителниот детскиот додаток веќе беше зголемен на 1 Јули 2022 на 229 евра месечно по дете. За да се олеснат дополнителните трошоци од 1 јануари 2023 година повторно ќе се зголеми максималниот износ на дополнителниот детскиот додаток на 250 евра месечно.

Извор: https://www.bundesregierung.de/breg-de/themen/entlastungen-im-ueberblick/unterstuetzung-fuer-familien-2125014

Превод и адаптација: Даниела Савовска

За повеќе информации и дискусии на вакви  но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија ЛИНК: https://www.facebook.com/groups/makedonier/

Сподели на
Симнете ја мобилната апликација

За авторот

Aleksandar Ivanov

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот