Одлуката на владата на СР Германија за субвенционирање на горивата и тоа од 35 Cent за литар бензин и 17 Cent за литар дизел завршува денес. Оваа одлука важи од 1 Јуни и завршува заклучно со 31 Август 2022. Со ова се очекува од утре цените на горивата нагло да пораснат. За колку ќе се покачат цените тешко е да се прогнозира со оглед на тоа што цените на горивата во Германија не се регулираат туку се дефинираат по принцип на слободна пазарна економија.
За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија ЛИНК.