Актуелно Вести Германија

5.000 евра казна за покажување на “среден прст”

Напишано од Aleksandar Buzleski

Не за прв пат, возач во Германија си направи “непотребен луксуз” и доби голема парична казна, откако направи прилично груб гест со раката кон камерата за брзина.

Окружниот суд во Пасау во Баварија го казни 53-годишниот возач, откако минатиот август го покажа својот среден прст во насока на двајца полицајци кои управуваа со брзиномер.

Случајот, кој регионалниот суд го опиша како „без банален прекршок“, се одолговлекуваше речиси девет месеци, пред конечно да заврши на судското рочиште на крајот на мај.

Човекот не бил фатен како сам возел со поголема брзина од дозволената , туку бил “блицнат” кога го престигнувал друг автомобил кој ја надминувал дозволената брзина на автопатот во близина на Донаутал Ост. Кога полицијата ја анализирала фотографијата, го забележала навредливиот прст и поднела кривична пријава.

Возачот најпрвин се обидел да се спротивстави на казнената наредба, но по неколкумесечна постапка ја прифатил пријавата и бил осуден на 50 таканаречени дневни казни од по 100 евра, што резултирало со вкупна парична казна од 5.000 евра. Тој, исто така, напишал писмо до двајцата полицајци, во кое се извинил и кажал дека жали за инцидентот.

Покажувањето среден прст на другите учесници во сообраќајот е кривично дело.

Можеби изгледа глупаво, но навреда на камерите за брзина, полицајци, па дури и други возачи, може да ве доведе во голема неволја во Германија. Во Кривичниот законик е наведено дека покажувањето среден прст на друг учесник во сообраќајот за време на возењето е кривично дело, за кое се казнува со затворска казна до една година или парична казна.

Во август 2020 година, на друг возач во Баварија му беше изречена казна од 4.000 евра и му беше одземена возачката дозвола на еден месец откако ја оттргна камерата за брзина.Затоа е најдобро да се контролира гневот за време на возењето. Во спротивно ќе ве чини скапо.

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Сподели на

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот