Германија Забава и дружење

Конечно ОКТОБЕРФЕСТ во Минхен после пауза од 2 години

Напишано од Aleksandar Buzleski

Откако пандемијата на корона-вирусот беше главната причина да се откаже светски познатиот фестивал на пивото две години по ред, Октоберфест конечно ќе се врати во градот Минхен, оваа 2022 година.

Градските власти во петокот потврдија дека најголемиот фестивал на пивото во светот ќе продолжи во септември 2022 година во главниот град Баварија, по двегодишна пауза предизвикана од пандемијата и ограничувањата на настаните.

Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер, рече дека му било тешко да ја донесе одлуката поради војната во Украина, поради што прославите, настаните и фестивалите ќе изгледаат несоодветни. Сепак, беа дадени контра-аргументи дека фестивалот дава придонес за меѓународното единство со тоа што обединува толку многу различни посетители од земји од целиот свет.

Рајтер додаде дека овогодинешниот Октоберфест ќе се одржи нормално, без ограничувања за корона-вирусот. Тој рече дека се надева оти ништо нема да се случи во меѓувреме за да принуди откажување во последен момент.

Во својата 200-годишна историја, фестивалот бил откажан само 26 пати, најмногу поради Првата и Втората светска војна, но и двапати поради епидемијата на колера. Последен пат кога фестивалот се одржа во 2019 година, 6,3 милиони гости испиле повеќе од 7,3 милиони литри германско пиво.

Октоберфест ќе се одржи помеѓу 17-ти септември и 3-ти октомври 2022 година.

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Сподели на

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот