Информации Конзуларни прашања

Лажни сертификати за германски јазик во амбасадата

Напишано од Aleksandar Buzleski

Откако беа откриени голем број на фалсификувани сертификати за познавање на германски јазик, германската амбасада во Македонија јавно проговори за овој проблем. Таа денес на својата Facebook страна напиша:

“Ве молиме обрнете внимание на тоа, дека германската Амбасада не прифаќа фалсификувани јазични сертификати во постапките за виза. Доколку доставите фалсификат (свесно или несвесно), тогаш Вашето барање не само што ќе биде одбиено, туку исто така ќе бидете внесени во интеринституционалната „датотека за предупредување за визи“. Освен тоа, институцијата што нуди полагање за јазични сертификати ќе биде известена дека сте поднеле фалсификат во Амбасадата. Од тоа може да произлезе забрана за полагање на испити до една година.
Ве молиме пријавувајте се само кај признати јазични училишта за полагање на испит и не дозволувајте да бидете измамени од лажни ветувања за полесен испит или пак за фалсификувани сертификати што изгледаат како вистински.
Имајте во предвид: фалсификуваните јазични сертификати имаат сериозни последици за Вашето барање за виза и за следните барања!”

Затоа е најдобро сите кои аплицираат за германски визи, да не ни помислуваат на вакви нелегални дејствија, бидејќи последиците може да бидат далекусежни.

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Foto: Times of India

Сподели на

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот