После огромните покачувања на трошоците за живот, Сојузната влада денес ги израдува сите чија плата се движеше околу минимумот. Имено, на денешната седница, донесена е одлука за покачување на минимална та плата, и од 1ви октомври таа ќе изнесува 12 евра на час. Владата денес официјално изјави:
“Многу граѓани на нашата земја работат многу, но заработуваат малку. Правичната плата е централна грижа на Сојузната влада. Затоа таа денес одлучи значително да ја зголеми минималната плата. Милиони луѓе ќе имаат корист од тоа. На овој начин ја зајакнуваме куповната моќ на граѓаните кои можат добро да ги искористат парите – прашање на признание и почитување на нивните секојдневни перформанси.”
На графикот е прикажан интензитетот на покачување на минималната плата во Германија од 2015 година па се до 2022 година:
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија
Фото на насловна страна: Colourbox