Актуелно Вести Германија

Конзулатот во Бон и официјално на нова адреса

Напишано од Aleksandar Buzleski

По повод пуштањето во употреба на новите простории на македонскиот конзулат во Бон, вчера (05.02.2022) беше организирана почесна средба. На средбата присуствуваа поголем број на организации, здруженија, клубови, друштва и разни активисти како претставници на македонската заедница од овој дел на Германија.

Средбата беше одлична можност за дружба, размена на идеи и потенцијална можност за продлабочување на соработката во иднина. На средбата свое обраќање имаа и Амбасадорот Рамадан Назифи, како и Конзулот Боро Мирчески.

Лево-Конзулот Боро Мирчески, во средина- Амбасадорот Рамадан Назифи, десно-Бурхан Чајани-вработен во конзулатот во Бон

Поголемиот дел од присутните (по иницијатива на организацијата “Македонска заедница во Германија “) ја искористија можноста да ја одбележат и 150-годиншнината од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев. Па симболично на амбасадорот и конзулатот им подарија слика со ликот на Гоце Делчев, на себе носеа беџови со ознаката “150 години, Гоце е Македонија” и ликот на Гоце Делчев. Воедно, на амбасадорот му доставија и листа со барања во врска со македонскиот идентитет и односот на Република Македонија по тоа прашање.

Во врска со новата адреса на конзулатот, како и за контакт телефонот објавивме официјално и претходно ЛИНК.

Нашата редакција исто така беше поканета на настанот, за што во оваа прилика се заблагодаруваме. Но од здравствени причини не бевме во можност да ги удостоиме со нашето присуство.

На конзулатот му посакуваме многу плодна и успешна работа во новите простории, и се заблагодаруваме за досегашната соработка. Воедно, веруваме дека таа соработка во иднина ќе се зајакнува, а крајниот резултат ќе биде добро услужена, јака и обединета македонска заедница во Германија.

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија, ЛИНК

Сподели на

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот