Актуелно Вести Останато

Ова е македонскиот претставник на Евровизија 2022

Напишано од Aleksandar Ivanov

Андреа со песната “Circles” е евровизискиот претставник на Македонија оваа година. Настанот ќе се одржи во Торино – Италија од 10 до 14 Мај.

Андреа Коевска е целото име на Андреа. Таа доаѓа од Скопје. Како дете има живеено со родителите и во САД. Таа е ново име на македонската музика сцена. Досега има објавено 3 сингли, а со четвртиот ќе настапи на Евровизија 2022. Нумерата “Circles” е напишана од Андреа и Александар Масевски.

Оваа година Македонија имаше 6 кандидати во изборот на песна за Евровизија. Во изборот учествуваше и публиката преку online гласање. Гласовите од публиката беа сумирани со гласовите на стручното жири по принцип 12 бодови за најдобрата песна па потоа 10, 8, 7, 6 и 5 бода. Од публиката најмногу гласови доби Виктор Апостоловски со песната “Супермен” а според жирито Виктор го освои третото место па така сумирано освои 20 бода, 12 од публика и 8 од жирито. Андреа беше на трето место според публиката но освои најмногу гласови од жири комисијата. Па така и таа заврши со 20 бодови. На крај Андреа беше прогласена за победник со оглед на правилото дека во случај на изедначен број на бодови победник е тој што има повеќе поени од жирито. За крај слушнете го и победникот според публиката.

За повеќе информации и дискусии на вакви  но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија ЛИНК

Сподели на
Симнете ја мобилната апликација

За авторот

Aleksandar Ivanov

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот