И оваа година како и минатата Volkshochschule Düsseldorf во својата јазична понуда го вклучи и македонскиот јазик. Со тоа македонскиот јазик повторно се најде меѓу 36-те јазика кои се изучуваат во оваа институција. Мината година двата курсеви за возрасни и дечиња беа одлично прифатени и посетени. Се надеваме дека и оваа година ќе биде така.
Во продолжение ви ја споделуваме објавата на професорката Емануала Димова – Гомбар:
Почитувани,
сакам да ве информирам дека и оваа година стартуваме со онлајн курсеви по македонски јазик.
Овој вид на курсеви по македонски јазик е единствен во Сојузна Република Германија и за првпат беше понуден минатата година преку јазичната институција Volkshochschule во Дизелдорф.
Постојат два вида на курсеви и тоа:
Курс по македонски јазик за возрасни со број Y566001.
Oвој курс е наменет за возорасни странци кои што (малку) или воопшто не знаат да зборуваат, читаат или пишуваат македонски, но имаат сопруг/а, пријатели, вработени или некаква друга поврзаност со македонскијот јазик и истиот би сакале да го изучуваат.
Цената на курсот за 14 недели изнесува 112 евра, за студенти 89,60 евра.
Наставата ќе се одвива онлајн секој вторник од 18:30 до 20:00 часот. Започнуваме на 08. 02.2022.
Крајниот рок за пријавување е 04.02.2022.
Пријавувањето се врши на следниов ЛИНК
Курс по македонски јазик за деца со број Y566002
Овој курс е наменет за деца во училишна возраст којшто зборуваат македонски но незнаат да читаат или пишуваат кирилица. На курсот можат да се пријават деца коишто живеаат во Германија, Австрија или Швајцарија и зборуваат германски или македонски. Наставата ќе се одвива двојазично.
Цената на курсот за 14 недели изнесува 56 евра.
Наставата ќе се одвива онлајн секој четврток од 18:30 до 20:00 часот. Започнуваме на 10.02.2022.
Крајниот рок за пријавување е до 05.02.2022
Пријавувањето се врши на следниов ЛИНК.
За сите други информации обратете се на телесниот број 0211/ 899 4168.
За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија ЛИНК