Со оглед на лесното пренесување од човек на човек на омикрон варијантата на Корона-Вирусот денес на средбата помеѓу владата на СР Германија и лидерите на 16-те покраини беа донесени нови односно дополнети старите корона-мерки.
Најбитните мерки се однесуваат на регулативата за карантин и за гастрономијата.
Времетраењето на изолацијата за инфицирани и тие што имале контакт со инфицирани од досегашните 10 е можно да се намали на 7 дена. За ослободување од карантин после 7 дена потребно е да се има PCR негативен тест или официјално документиран антиген брз тест.
За деца кои одат на школо или градинка важи 7 дена карантин ако се инфицирани односно 5 дена ако имале контакт со инфициран. И за нив важи правилото на негативен тест.
НАПОМЕНА : Без тест и натаму важи правилото од 10 дена изолација.
Следниве групи кои имале контакт со инфициран се ослободуваат од карантин:
- со трета вакцина (geboostert)
- целосно вакцинирани (ако вакцината не е постара од три месеци)
- вакцинирани кои прележале
- прележани (ако болеста не е постара од 3 месеци)
За гастрономија на ниво на цела Германија важи 2G+ правилото. Односно посета на угостителски објект е можна само ако сте вакцинирани и имате негативен актуелен тест. На тие што имаат примено трета доза нема да им биде потребен тест.
Покрај овие мерки владата препорачува намалување на контактите и носење на FFP2 маска во продавниците и јавниот превоз.
Извор: Bundesregierung ЛИНК
Останатите мерки се помалку или повеќе исти како тие за кои веќе пишувавме ЛИНК
За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија ЛИНК